Германските економски институти предупредуваат дека итно запирање на рускиот увоз ќе предизвика остра рецесија во најголемата европска економија. Но, Зеленски вели дека партнерите на Украина треба да разберат дека за неговата земја тоа е прашање на опстанок
Германците да го намалат греењето за одреден степен и да користат воз или велосипед за време на Велигденските празници за да помогнат во намалувањето на зависноста од рускиот гас и нафта.
„Тоа е добро за вашиот буџет, а и го нервира Путин“,
вели министерот за економија Роберт Хабек, кој е и лидер на Зелените, една од трите партии во владејачката коалиција во Германија.
Германија е под притисок од неколку други земји од ЕУ да се согласи на целосна забрана на руските енергенси, но таа во моментов се потпира на Русија со околу 40% од потребите за гас и една четвртина од нафта.
Украинскиот лидер Володимир Зеленски во интервју за Би-би-си неделава ја критикуваше Германија дека премногу бавно се движи кон енергетското ембарго.
Германските економски институти предупредуваат дека итно запирање на рускиот увоз ќе предизвика остра рецесија во најголемата европска економија. Но, Зеленски вели дека партнерите на Украина треба да разберат дека за неговата земја тоа е прашање на опстанок.