Во видеото кое го објави ТВ Клан во емисијата „Стоп“ за овој случај, се гледа како раководител на смена на граничниот премин Блаце зема мито од државјани на Албанија кои ја минуваат границата
Двајца полицајци од граничниот премин Блаце ќе добијат кривични пријави за делото примање поткуп, а внатрешна контрола во МВР ќе започне и дисциплинска постапка против нив, соопштија од Министерството откако за случајот видео од примањето поткуп објави ТВ Клан.
„Полициските службеници до завршување на дисциплинската постапка се отстранети од работното место согласно одредбите од Колективниот договор на Министерството“,
велат од МВР.
Оттаму посочуваат дека Одделот за внатрешна контрола во соработка со обвинителството и службите за внатрешни контроли во министерствата во Косово и Албанија го документирале случајот и извршиле разговор, по што и следува најавата за кривични пријави и суспензијата.
Во видеото кое го објави ТВ Клан во емисијата „Стоп“ за овој случај, се гледа како раководител на смена на граничниот премин Блаце зема мито од државјани на Албанија кои ја минуваат границата.