За Ѓорѓиевски МВР вчера распиша меѓународна потерница
Анџело Ѓорѓиевски, првоосомничен за убиството на ракометарот Денис Тот, кој беше во бегство, е во притвор.
Министерството за внатрешни работи утринава соопшти дека е приведен осомничениот А.Ѓ. по кого се трагаше за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот.
„По преземени интензивни мерки и активности за негово пронаоѓање и приведување, лицето во 1:20 часот им се предало на полициски службеници од оперативниот тим Потраги на подрачје на населба Аеродром“,
информира МВР.
За него, како што информира МВР, веќе е донесено решение за определување мерка притвор во траење од 30 дена.
„Министерството за внатрешни работи утринава го извести Основното јавно обвинителство Скопје дека е лишено од слобода лицето А.Ѓ. по кое се трагаше врз основа на издадена наредба за спроведување истражна постапка за кривично дело – убиство од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Лицето им се предало на органите на прогонот на територијата на Скопје. За осомничениот, по предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје веќе има донесено решение за определување мерка притвор во траење од 30 дена“,
се вели во соопштението од МВР.
Утрово и од Јавното обвинителство соопштија дека Министерството за внатрешни работи утринава го извести Основното јавно обвинителство Скопје дека е лишено од слобода лицето А.Ѓ. по кое се трагаше врз основа на издадена наредба за спроведување истражна постапка за кривично дело – убиство од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Како што се наведува во соопштението, лицето им се предало на органите на прогонот на територијата на Скопје. За осомничениот, по предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје веќе има донесено решение за определување мерка притвор во траење од 30 дена.
Ѓорѓиевски ноќеска околу 2 часот бил спроведен во КПУ Затвор „Скопје“ за издржување на притворот од 30 дена.
За Ѓорѓиевски МВР вчера распиша меѓународна потерница.
Ѓоргиевски е првоосомничен за убиството на 28-годишниот ракометар од Хрватска Денис Тот, кого, како што се гледа на снимките од безбедносните камери, го удрил пред дискотеката „Привилиџ“ во Градскиот парк минатата недела од што ракометарот паднал на асфалтот и се здобил со смртоносни повреди по што тој почина на КАРИЛ.
Во притвор се и 22-годишниот А.К., 19-годишната К.Л.
