Од утре, лицата кои пристигнуваат од Република Северна Македонија, Турција, Романија, Србија, Унгарија, Полска, Чешката Република, Словачка, Израел и Египет при влез во Бугарија веќе не се обврзани да поседуваат дигитален Ковид сертификат, инфомираа бугарските власти.
Оваа одлука ја донесе бугарската министерка за здравство, Асена Шербезова, со наредба издадена денеска, како резултат на намалениот број на ковид случаи во земјата.
Наредбата, исто така, наведува дека трупите на НАТО кои учествуваат во меѓународни вежби и мултинационални контингенти и придружници на цивили, исто така, не се обврзани да презентираат дигитален ЕУ Ковид сертификат за вакцинација, за прележана болест или негативен тест, како и лични документи што ги содржат истите податоци.
