Министерството за внатрешни работи денеска објави дека е распишана меѓународна потерница за Анџело Ѓорѓиевски, кој е еден од тројцата осомничени за убиството на хрватскиот ракометар на „РК Бутел“, Денис Тот.
„Анџело Ѓорѓиевски роден на 13.01.1994 година во Скопје, каде и живее на ул. „9“ бр.5, с.Волково, се бара по наредба на КО. бр. 1211/22 од 12.04.2022 година на ОЈО Скопје, поради основано сомневање за сторено кривично дело „Убиство“ по чл. 123 од КЗ на РСМ“,
се вели во рапсишаната потерница на МВР.
Тој минатата недела беше претепан до смрт минатата недела пред дискотеката „Привилиџ“ во Скопје, за која министерот за економија Крешник Бектеши кажа дека работела без лиценца.
Претходно од ОЈО и МВР соопштија дека за неговата смрт три лица се осомничени за убиство, од кои две се приведени, а едниот е во бегство.
