На локацијата се пронајдени неколку експлозивни направи, соопштија од противпожарната служба
Полицијата трага по маж со гас-маска и портокалов градежен елек
Најмалку 13 лица се повредени во пукање во метро-станица во Бруклин, Њујорк, пренесоа американските медиуми. На истата локација се пронајдени неколку експлозивни направи, соопштија од противпожарната служба.
Пожарникарите од Њујорк одговорија на повикот на граѓаните кои пријавиле дека виделе чад на станицата. Кога полицијата и пожарникарите пристигнале на местото на настанот, затекнале неколку лица ранети од огнено оружје.
АФП наведува дека досега се повредени 13 лица, додека информациите за можни жртви сè уште се недостапни.
Полицијата трага по маж со гас-маска и портокалов градежен елек, изјави еден од полициските службеници.
Breaking: The FDNY says at least 13 people injured after shootings at 2 Brooklyn subway stations. pic.twitter.com/Cb01ZYLf4w
— PM Breaking News (@PMBreakingNews) April 12, 2022
Во Њујорк оваа година има зголемување на стапката на криминал, особено инциденти со огнено оружје. Ова е еден од главните предизвици со кои се соочува градоначалникот Ерик Адамс, кој ја презеде функцијата во јануари оваа година.
До почетокот на април бројот на престрелки се зголемил од 260 на 296 во однос на истиот период лани, покажува статистиката на Полициската управа.