Министерот за економија Крешник Бектеши на Фејсбук ги објави одлуките на донесени на денешната владина седница
Владата на денешната седница донесе одлука да ја продолжи забраната за извоз на одделни житарки и сончогледово масло до 15 мај 2022 година, објави на својот фејсбук-профил министерот за економија Крешник Бектеши.
Со укинување на увозната давачка – царинската стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење ќе се даде можност до 31 мај 2022 година да се увезат потребните количини на овој основен прехранбен продукт од земји кои не се предмет на повластен царински стапки кои ќе обезбедат доволно количини за домашниот пазар и ќе се намали притисокот за раст на цените на овој производ.
На оваа своја седница Владата го продолжи рокот на примена на ограничување за извоз на одделни стоки, до 15 мај 2022 година.
Продолжувањето на рокот за ограничување на извозот се однесува на пченица и наполица; јачмен; пченка; брашно од пченица и наполица; семе од сончоглед, вклучувајќи кршено или дробено; масла од семе од сончоглед, шафраника или памуково семе, како и извоз на луцерка, велат од Владата.
Исто така, на предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука за укинување на увозната давачка – царинска стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење до 31 мај 2022 година.
„Со оваа мерка се овозможува увоз на сончогледово масло од други земји за кои нема преференцијален третман во трговијата, или не се предмет на безцаринска квота во рамки на договорите за слободна трговија, и за кои е утврдена царинска стапка од максимум 29%. Со укинување на увозната давачка – царинската стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење ќе се даде можност до 31 мај 2022 година да се увезат потребните количини на овој основен прехранбен продукт од земји кои не се предмет на повластен царински стапки кои ќе обезбедат доволно количини за домашниот пазар и ќе се намали притисокот за раст на цените на овој производ“,
се вели во владиното соопштение.
