Вчера, германската министерка Бербок изјави дека Северна Македонија и Албанија треба да ги започнат преговорите за членство во ЕУ во првата половина на 2022 година, нагласувајќи дека имала билатерални разговори со бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска, при што двете се согласиле дека во сегашната ситуација клучно е да започнат преговорите за влез на Албанија и Северна Македонија во ЕУ
Албанскиот премиер Еди Рама денеска уште еднаш истакна дека Албанија ќе се одвои од Северна Македонија доколку во јуни формално не се отворат преговорите со ЕУ
Амбасадорката на Германија, Анке Холштајн денеска истакна дека за ЕУ е важно преговорите да бидат отворени и за С Македонија и за Албанија.
Таа потсети на вчерашната изјава на германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок на маргините на средбата на министри за надворешни работи во Луксембург, за тоа колку е значајно за целата ЕУ да остане овој пат за првата меѓувладина конференција за Северна Македонија и за Албанија и тоа веднаш.
„За нас е важно тоа што политиката на проширување сега е повеќе од кога и да било претставува политика за безбедност“,
нагласи амбасадорката Холштајн по денешното донирање на опрема и возила во вредност од 675 илјади евра за Граничната полиција на МВР, пренесе МИА
Што се однесува до преговарачката рамка и што може да влезе во неа, амбасадорката Холштајн рече дека постојат граници.
„Исклучено е да постои таков некој случај на преседан што би имал последици за понатамошните чекори на проширувањето. Принципиелно билатералните работи не припаѓаат во преговарачката рамка. И во интерес на изнаоѓање на решение ќе се направи некој обид за исцрпување на можностите, но сепак не смее да се наштети на интегритетот на преговарачката рамка. За нас исто како и претходно, важно и централно е процесот на пристапување да биде заедно за двете држави“,
рече амбасадорката на Сојузна Република Германија, Анке Холштајн.
Вчера, германската министерка Бербок изјави дека Северна Македонија и Албанија треба да ги започнат преговорите за членство во ЕУ во првата половина на 2022 година, нагласувајќи дека имала билатерални разговори со бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска, при што двете се согласиле дека во сегашната ситуација клучно е да започнат преговорите за влез на Албанија и Северна Македонија во ЕУ.
И германскиот канцелар Олаф Шолц вчера повика на забрзување на пристапот на Западен Балкан во Европската унија, кој е блокиран со години, во услови на, како што рече, „новата ера“ во светлина на руската инвазија на Украина.
На заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама во Берлин, Шолц вети дека ќе помогне ова прашање да напредува.
На истата прес-конференција, албанскиот премиер кој е во посета на Германија денеска повтори дека ако во јуни нема формално отворање на преговорите за членство на Албанија и С Македонија во пакет поради бугарското вето, тогаш Албанија ќе се одвои на европскиот пат.
