Од Државниот пазарен инспекторат за „Слободен печат“ најавија дека повторно ќе постапат за овој ноќен клуб пред кој минатата недела до смрт беше претепан ракометарот Денис Тот, иако и претходно постапувале
Дискотеката „Привилиџ“, пред која минатата недела до смрт беше претепан ракометарот Денис Тот, немала лиценца за работа.
Ова за „Слободен печат“ го потврди министерот за економија Крешник Бектеши.
„Државниот пазарен инспекторат може да излезе на терен и да провери околу ова“,
додаде Бектеши.
Од Државниот пазарен инспекторат за „Слободен печат“ најавија дека повторно ќе постапат за овој ноќен клуб, иако и претходно постапувале.
