Денеска е втор ден од штрајкот во училиштата и градинките
Добро утро, успешен ден! На сите штрајкувачи им посакувам да останат такви какви што се, на оние малкумина што не штрајкуваа им препорачувам да си го послушаат срцето, напиша претседателот на СОНК Јаким Неделков на својот фејсбук-профил.
Денеска е втор ден од штрајкот во училиштата и градинките.
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири вчера во повеќе наврати истакна дека мора да продолжи дијалогот за изнаоѓање решение, а најави и средби во текот на неделава.
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, вчера во дебатата на ТВ Телма, на која присуствуваа и синдикалецот Неделков и министерот Шаќири, оцени дека во овој момент покачувањето од 18,4 отсто на платите, колку што го бара СОНК, не е соодветно во време на економско-енергетска криза, кога Владата изминатиов период ја донесе минималната плата, ги покачи пензиите и донесе пакет антикризни мерки. Но најави дека социјалниот дијалог продолжува.
