Во однос на претходната недела, се регистрира намалување кај сите возрасни групи, а
најзабележително намалување во споредба со минатата недела има кај возрасната
група 50-59 (38,1%)
Продолжува намалувањето на бројот на заразени, хоспитализирани и починати од ковид-19 во земјава, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 4 до 10 април 2022 година.
Тестирани се вкупно 14 434 материјали, а се регистрирани 1 106 нови позитивни случаи, со намалување од 31% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 2,4% до 10,6%, или просечно 7,3%.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=622; 56,2%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Битола – 138,6/100.000, Демир Капија – 132,4/100.000 и Ресен – 132,2/100.000*.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на
лица на возраст над 60 години, а најмал број е регистриран кај возрасната група
од 0-9 години.
Во однос на претходната недела, се регистрира намалување кај сите возрасни групи, а
најзабележително намалување во споредба со минатата недела има кај возрасната
група 50-59 (38,1%).
Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 1 530 лица во хоспитализирани
услови или на домашно лекување, 10,6% помалку во споредба со претходната седмица.
За 36,1% е намален е бројот на реинфекции и вкупно се евидентирани 175.
Пријавени се 10 смртни случаи, за 23,1% помалку во однос на претходната недела (n=13). Најголем дел од нив се од Скопје (6). Во однос на возраста, регистрирани се 9 починати од возрасната група над 60
години и еден починат од возрасната група од 50-59 години.
Во Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ во текот на изминатата недела е изведен ПЦР-тестот базиран на Single Nucleotide polymorphism со користење на Vir SNiP SARS CoV 2 Spike S371L S373P за детекција на SARS CoV-2 кај 54 позитивни примероци на SARS-CoV-2 од болнички и примероци од пунктовите.
Позитивните примероците се одбрани од тестираните позитивни во период од 04-09.04.2022 година, од Скопје, Кавадарци, Велес, Охрид и Гевгелија. Во 3 (5,6%) од испитуваните примероци е докажана BA.1 сублинијата на омикрон, а во 51 (94,4%) од испитуваните примероци е докажана BA.2 сублинијата на омикрон – позната уште и како стелт.
Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 63 лица (11,3% помалку во
споредба со претходна недела), од нив 25 се на кислородна поддршка, а нема лица на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.
Заклучно со 6 април 2022 г., вакцинирани се вкупно 873 332 лица со барем една доза на вакцина против ковид-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 853 786 лица, а со трета доза се вакцинирани 155 817 лица.
