Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (11 април 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Во ова издание:
-Бледнеат надежите за деблокада во ЕУ во јуни: Партијата на Слави Трифонов го обвинува премиерот Кирил Петков дека нуди решение со Северна Македонија што излегува од коалицискиот договор; И од Бугарската социјалистичка партија инсистираат на постоечката државна позиција;
-Што по суспензијата на ДУП-от за „Шик Јелак“ во Тетово: Идејата за парк на таа локација нема поддршка кај локалната власт;
-Подмладоците од 34 партии се обврзаа на унапредување на интегритетот во политиката и менување на праксата на постојани меѓусебни навреди и оцрнувања на сениорите;
-Зошто околу 40 отсто од пратениците се жени, а има само две градоначалнички и четири министерки – иницијатива за менување на работите;
-„Саботажа“.
Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.