Во честитката, меѓу другото, Пендаровски изразува задоволство од, како што се наведува, досегашниот конструктивен дијалог и досегашната соработка меѓу двете земји и истакнува оти се радува што во годините што доаѓаат ќе имаат можност да соработуваат водени од интересите на двата пријателски народи
Претседателот Стево Пендаровски му ја честиташе изборната победа и новиот претседателски мандат на српскиот колега Александар Вучиќ за реизборот на позицијата претседател.
„Дозволете ми, во име на граѓаните на Северна Македонија и во мое лично име, да упатам срдечни честитки по повод реизборот за претседател на Република Србија, со желби за понатамошен успех во извршувањето на оваа многу одговорна должност. Во време на сериозни предизвици и потреба од зајакнување на стабилноста, просперитетот и европската иднина на регионот, искрено сум убеден дека ќе продолжиме да градиме мостови на пријателство и соработка и да ги продлабочуваме односите меѓу нашите земји во сите области од заеднички интерес“,
се наведува во соопштението од кабинетот на српскиот претседател Вучиќ.
Во честитката Пендаровски изразува задоволство од, како што се наведува, досегашниот конструктивен дијалог и досегашната соработка и истакнува оти се радува што во годините кои доаѓаат ќе имаат можност да соработуваат, како што вели, водени од интересите на нашите пријателски народи.
„Со тоа убедување и искрени желби за успех во вашата понатамошна работа, среќа во личниот живот и добро здравје, примете ги изразите на мојата најдлабока почит“,
стои во честитката од претседателот Пендаровски до Вучиќ.