Во рамки на посетата, како што информира прес-службата на претседателот, Пендаровски ќе оствари средби со Здравко Кривокапиќ, претседател на Владата на Република Црна Гора и со Дритан Абазовиќ, потпретседател на Владата и мандатар за состав на нова влада на Црна Гора“
Претседателот Стево Пендаровски, утре и задутре – 12 и 13 април, ќе престојува во официјална посета на Црна Гора, соопштуваат од прес-службата на кабинетот на претседателот.
Утре, во Подгорица, претседателот Пендаровски со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекан од претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, по што ќе се одржат тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, пленарен состанок на делегациите на Република Северна Македонија и Црна Гора и заедничка прес конференција на двајцата претседатели.
„Во рамки на посетата, претседателот ќе оствари средби со Здравко Кривокапиќ, претседател на Владата на Република Црна Гора и со Дритан Абазовиќ, потпретседател на Владата и мандатар за состав на нова Влада на Црна Гора“,
додаваат од прес-службата на претседателот.
В среда, пак, како што се наведува во соопштението, во Бар ќе се одржи свечена церемонија на која претседателот Пендаровски ќе му ја предаде спомен-плочата на Владимир и Косара на црногорскиот претседател Ѓукановиќ, во знак на силното пријателство и културно-историската врска меѓу Северна Македонија и Црна Гора.
