Папата Франциск денеска повика на велигденско примирје во Украина, што ќе доведе до преговори и конечен мир.
„Положете го оружјето“, рече поглаварот на Римокатоличката црква на крајот од литургијата што ја одржа пред десетици илјади луѓе собрани на плоштадот „Свети Петар“.

„Нека започне велигденското примирје. Но, не за повторно вооружување и продолжување на борбите, туку за започнување на примирје и постигнување мир во вистински преговори“,
нагласи папата Франциск.