Тетовското основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 45-годишен жите на селото Селце, кој при семејно насилство, со умисла ја убил сопствената мајка.
На осомниченото лице, по предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово му определи мерка притвор во траење од 30 дена.
Како што информира обвинителството, вчера во дворот на семејната куќа во која живееле, осомничениот, без повод и причина, ја нападнал жртвата, нанесувајќи и смртоносен удар со секира.
„Со ваквото дејствие тој сторил кривично дело „убиство“ од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик“,
се додава во соопштението.
