Новото дебатно издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (8 април 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Ова издание е тематски поделено на два дела:
-Првиот сегмент е посветен на предупредувачкиот протест на Синдикатот на УПОЗ и барањето за зголемување на платите по растот на минималната плата на 18 илјади денари, во кој дебатираат претседателот на овој синдикат, Трпе Деаноски, и министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити;
-Вториот сегмет е посветен на неколку актуелни случаи (Палермо, Бесмира Ејупи, приватизација на државно земјиште кај НИП „Н. Македонија“, „Трансмет“…) и на годишните извештаи на Државната комисија за спречување на корупцијата, во кој разговараме со претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска, и членката Катица Николовска.
На крај ќе видите и нова „Саботажа“.
Емисијата почнува во 22 часот на ТВ Алсат.