Како што соопштија од владината прес-служба, Ковачевски и Ципрас на средбата се согласија дека четири години од потпишувањето на Договорот од Преспа тој сѐ уште ги остварува придобивките со кои се реши тридеценискиот спор и со кој се воспостави стратегиско пријателство меѓу Северна Македонија и Грција, се обезбеди членството на нашата земја во НАТО и се донесе одлуката за за безусловен почеток на преговорите за членство во ЕУ
Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Економскиот форум „Делфи“ во Атина се сретна со поранешниот премиер на Грција и лидер на Сириза, Алексис Ципрас.
Како што соопштија од владината прес-служба, Ковачевски и Ципрас на средбата се согласија дека четири години од потпишувањето на Договорот од Преспа тој сѐ уште ги остварува придобивките со кои се реши тридеценискиот спор и со кој се воспостави стратегиско пријателство меѓу Северна Македонија и Грција се обезбеди членството на нашата земја во НАТО и се донесе одлуката за безусловен почеток на преговорите за членство во ЕУ.

„Големите и далекувидни пораки што во себе ги носи Договорот од Преспа, споделија Ковачевски и Ципрас, со своето значење, особено денес од перспектива на војната во Украина и безбедносната криза во Европа, обезбедуваат основа за забрзување на евроинтеграцијата на Северна Македонија и за Западен Балкан“,
соопштија од Владата.
Констатирано е и дека спроведувањето на одредбите од договорот оди со добра динамика и дека како спогодба која обезбеди вин-вин решение за двете земји овозможува отворена и постојана комуникација меѓу Скопје и Атина во интерес на просперитетот и граѓаните на двете земји.
