Наместо да се згрозува, додаваат од СДСМ, Мицкоски треба да побара оставки од Антонио Милошоски и Игор Јанушев – пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети во судски процеси, како и против негови соработници во раководството на партијата против кои исто така се водат судски процеси, и да побара одговорност од сите
Дали Христијан Мицкоски што наводно се згрозил денеска, се згрози и претходно по пресудите за предметите Титаник, Таргет-Тврдина и Тенк?, реагира Социјалдемократскиот сојуз во однос на претходно изнесениот став на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски кој рече дека е згрозен оти еден Рашковски се заменил со друг, коментирајќи го случајот со Зеќири.
Ова Мицкоски го кажа во врска со Мухамед Зеќири кој денеска си поднесе оставка од позицијата генерален секретар на Владата, а за кој Основното јавно обвинителство нареди спроведување истражна постапка поради злоупотреба на службената положба.
„Дали Мицкоски е згрозен за тоа што голем дел од неговите сегашни или поранешни соработници се со судски затворски пресуди или секојдневно се пред судовите во многубројните случаи што се водат против нив?
велат од СДСМ.
Наместо да се згрозува, додаваат од партијата, Мицкоски треба да побара оставки од Антонио Милошоски и Игор Јанушев пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети во судски процеси, како и против негови соработници во раководството на партијата против кои исто така се водат судски процеси, и да побара одговорност од сите.
Опозицискиот лидер претходно денеска за случајот со генералниот секретар на Владата во заминување, Мухамед Зеќири, истакна оти е згрозен велејќи, „еден Рашковски се замени со друг“.
