Бројот на активни случаи во земјава падна под 1 500 и изнесува 1 434. Најголем дел од активните случаи се во Скопје, односно 763. Во Демир Хисар, Македонски Брод, Македонска Каменица и Пехчево има по еден активен случај, а во Дојран во моментов не е регистриран ниту еден активен случај на коронавирусот
Во текот на изминатото деноноќие регистрирани се 163 нови случаи на ковид од 2 020 направени тестирања. Од новозаразените, пријавени се 24 реинфекции со вирусот, информира Министерството за здравство.
Најголемиот дел од новозаразените се од Скопје – 102, Битола – 18, Куманово – 8, Прилеп и Ресен – по 5, Кавадарци, Велес и Кичево – по 3, Тетово, Охрид, Струмица, Гевгелија и Делчево – по 2, Гостивар, Радовиш, Валандово, Виница, Кратово и Демир Капија – по 1.
Регистрирани сe 259 оздравени пациенти од: Скопје – 153, Кавадарци – 21, Битола – 17, Куманово, Прилеп и Велес – по 8, Гостивар – 7, Ресен и Охрид – по 6, Тетово и Делчево – по 4, Кичево, Струмица, Струга и Неготино – по 3, Крива Паланка – 2, Валандово, Кочани и Свети Николе – по 1.
Во текот на изминатото деноноќие не се пријавени починати лица, но согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се четири починати лица од Скопје (1), Тетово (1), Охрид (1) и Струмица (1), на возраст од 64 години до 83 години.
Смртта на лицата е пријавена во периодот од 2 до 21 март 2022 гоидна. Од пријавените лица тројца се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови, а кај тројца од починатите се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1 978 825 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307 507, бројот на оздравени пациенти е 296 833, на починати е 9 240, а бројот на активни случаи изнесува 1 434.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 144 385, Активни 763
Куманово 16 593, Активни 35
Битола 14 962, Активни 169
Прилеп 14 057, Активни 77
Тетово 13 430, Активни 13
Кавадарци 10 562, Активни 68
Велес 9 704, Активни 19
Гостивар 9 546, Активни 8
Охрид 8 788, Активни 67
Струмица 8 024, Активни 21
Штип 7 984, Активни 16
Кичево 5 586, Активни 30
Кочани 5 062, Активни 10
Струга 4 703, Активни 9
Гевгелија 4 387, Активни 25
Неготино 3 664, Активни 4
Ресен 2 701, Активни 19
Свети Николе 2 619, Активни 5
Радовиш 2 518, Активни 9
Крива Паланка 2 412, Активни 4
Делчево 1 964, Активни 22
Дебар 1 673, Активни 4
Берово 1 639, Активни 2
Валандово 1 480, Активни 3
Виница 1 384, Активни 7
Пробиштип 1 266, Активни 3
Богданци 1 019, Активни 2
Кратово 961, Активни 2
Крушево 928, Активни 10
Демир Хисар 826, Активни 1
Македонски Брод 736, Активни 1
Демир Капија 590, Активни 4
Македонска Каменица 524, Активни 1
Пехчево 486, Активни 1
Дојран 344, Активни 0
