Ракометарот на Бутел, хрватскиот интернационалец Денис Тот, починал денеска претпладне на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ). Тој бил примен во Ургентниот центар во Скопје синќа, без срцева акција и без траги на насилство.
„Ноќта помеѓу 6 и 7 април на Ургентниот центар примен е 27-годишен пациент без срцева акција. На пациентот не се забележани видливи траги од насилство при приемот. После целоноќна борба и реанимации, кај пациентот е вратена срцевата акција и тој е хоспитализиран на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување каде што продолжува да е во критична состојба“,
изјави Маја Мојсова, директорка на КАРИЛ.
Како што рече Мојсова, кај пациентот не се пронајдени активни супстанции при крвни анализи, и неговото тело е предадено на судска медицина за понатамошна обдукција.
Претходно, МВР соопшти дека вчера во 4:11 часот од Клинички центар во СВР Скопје е пријавено дека кај нив во бесознание, без видливи траги на насилство е донесен Д.Т. и веднаш му е пружена лекарска помош.
Дел од медиумите објавија дека станува збор за хрватскиот ракометен интернационалец Денис Тот, кој игра за клубот Бутел.
