Ваквиот чекор на Јапонија доаѓа откако изминативе денови десетици руски дипломати беа протерани претежно од европските земји, главно наведувајќи ги како причина извештаите за злосторства извршени од руските сили врз цивили во Украина
Јапонија денеска соопшти оти ќе протера осум руски дипломати и други функционери од својата територија, поради смртта на цивили во Украина, која ја осуди и ја опиша како „апсолутно неприфатливо“ кршење на меѓународното право од страна на Русија.
„Како резултат на целосната проценка направена од нашата земја, побаравме протерување на осум дипломати од руската амбасада во Јапонија и претставници на трговското претставништво на Руската Федерација“,
изјави портпаролката на јапонското Министерство за надворешни работи Хикарико Оно.
Ваквите протерувања, иако ретки, не се невидени за Јапонија. Сепак, се случиле неколкупати за време на советската ера, соопштија властите, а пренесе Ројтерс.
Ваквиот чекор на Јапонија доаѓа откако изминативе денови десетици руски дипломати беа протерани претежно од европските земји, главно наведувајќи ги како причина извештаите за злосторства извршени од руските сили врз цивили во Украина.
Поврзани вести:
- Црна Гора протера уште четворица руски дипломати
- Австрија се премисли, сепак, ќе протера четворица руски дипломати
- Грција прогласи 12 руски дипломати за непожелни, Австрија засега нема да протерува дипломати
- ЕУ протера 19 руски дипломати од Брисел
- По масакрот во Буча: Словенија протера 33 руски дипломати
- Шпанија, Италија и Шведска протеруваат руски дипломати, Русија го оцени потегот како „кратковиден“
- И Данска одлучи да протера 15 руски дипломати
- По Германија, и Франција најави протерување на 35 руски дипломати
- Германија протера 40 руски дипломати, Латвија и Литванија ги намалуваат дипломатските активности со Русија