Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, оцени дека тоа се многу сериозни ограничувања, но вели дека Русија однапред се подготвувала за тоа
Претставничкиот дом на САД веднаш по Сенатот ја изгласа забраната за увоз на енергенси од Русија како одговор на воената инвазија на Русија во Украина.
За поддршка на предлог законот гласале 413 конгресмени, додека девет се изјасниле против, пренесува Спутник.
Порано во средата оваа иницијатива беше едногласно прифатена во Сенатот на САД. Со ова суштински се повторува одлуката на претседателот Џо Бајден кој кон почетокот на март забрани увоз на енергенси од Русија и нови инвестиции во рускиот енергетски сектор.
Како одговор на војната во Украина, западните земји почнаа да воведуваат нови санкции насочени кон Русија.
Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, оцени дека тоа се многу сериозно ограничувања, но вели дека Русија однапред се подготвувала за тоа.
Од друга страна, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, претходно изјави дека странските компании кои одбивале да соработуваат со Русија тоа го направиле под огромен притисок, но дека Русија ќе ги реши проблемите со економијата „кои западот и ги создава“.