Најмалку две лица загинаа, а четворица се повредени во пукање во центарот на Тел Алив, Израел, што е последниот во низата напади кои се случиле во изминатиот месец во овој град, а во текот на кои загинале вкупно 13 лица, пренесуваат повеќе светски медиуми.
Тамошната итна служба пренесе дека во болница биле префрлени шест лица со тешки телесни повреди.
„Терористот отвори оган и побегна пешки. Неколку луѓе се повредени. Не излегувајте од своите домови. Не гледајте ниту што се случува надвор од прозор. Не излегувајте на балконите“,
им порачал на граѓаните портпаролот на полиција Ели Леви на телевизиската станица Канал 13.
На некои телевизиските снимки можело и да се видат вооружени полицајци како трчат низ улица во потрага по напаѓачот, а ги следел и полициски хеликоптер.