Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, во интервју за „Скај Њуз“ призна дека русија се соочува со „значителни загуби“ во војната со Украина.
Песков истакнал во ова интервју зборувал и за тоа дека историјата на Украина се променила од 2014 година па досега.
„Украина стана антируска, тоа што се случуваше во Украина по 2014 година беше насочено против нашата земја“,
изјавил Песков, па додал дека Русија „со децении била загрижена поради сопствената безбедност“.
На новинарско прашање дали војната е понижување за Русија во однос на бројот на загинати војници, Песков тоа го демантирал, но признал „големи загуби“.
„Тоа е погрешна слика од она што се случува, но имаме загубено значаен број на војници. Тоа е голема трагедија за нас“,
изјавил Песков, пишува Би-би-си.