За време на нивниот престој ќе остварат средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба и ќе го посетат прифатниот центар за бегалци во близина на граничниот премин Корчова, а во насока на поддршка на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина соглсно меѓународното право и основните документи на ОБСЕ
Тројката претседавачи на ОБСЕ, министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи во придружба на шефовите на полската и шведската дипломатија, Збигњев Рау и Ан Линде, утре ќе отпатуваат на полско-украинската граница, соопшти Министерството за надворешни работи.
За време на нивниот престој, додаваат од МНР, ќе остварат средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба и ќе го посетат прифатниот центар за бегалци во близина на граничниот премин Корчова.
„Посетата на трите министри е во насока на поддршка на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина соглсно меѓународното право и основните документи на ОБСЕ, како и заштита на основните човекови права на украинските граѓани“,
се додава во писменото соопштение од МНР.
Kако што додава МНР во соопштението, како дел од тројката претседавачи на ОБСЕ, ќе се разгледаат можностите за искористување на механизмите и алатките на ОБСЕ за ублажување на последиците од војната во Украина.
