Попладнево вработените и патниците се евакуирани од аеродромот „Никола Тесла“ во Белград
Во просториите на „Ер Србија“ во Белград е пријавена бомба, дознава нова.рс.
Ова е втора дојава за бомба за денеска.
Попладнево вработените и патниците се евакуирани од аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, исто така поради дојава за бомба.
Во моментов во канцелариите е присутна полиција и се врши увид во просториите.
Минатиот месец, за само две недели, имаше 10 дојави дека во авиони на „Ер Србија“ кои летаа на релација Белград-Москва се поставени бомби.