Жената пријавила дека 29-годишно лице од селото Радолишта ја држело во хотелската соба во Струга и ја присилувало на сексуални услуги
Триесет и деветгодишна жителка на Шпанија, барана со потерница од Интерпол, вчера е пронајдена во хотел во Струга, соопшти СВР Охрид.
Според информацијата на портпаролот Стефан Димоски, таа на полицајците од струшката полициска станица и од Секторот за меѓународна полициска соработка им кажала дека без нејзина согласност била држена затворена во хотелската соба.
„Во Струга пристигнала преку Тирана по претходен договор со Ш.С. (29) од струшкото село Радолишта, по што Ш.С. без нејзина согласност неколку дена ја држел затворена во хотелска соба во хотел во Струга и ја присилувал на сексуални односи. Вчера во 21:30 часот во полициската станица – Струга приведен е Ш.С. и со него е извршен службен разговор“,
изјави денеска Димоски.
За случајот е известен и јавен обвинител и по целосното расчистување ќе биде поднесена соодветна пријава.
