Според рускиот закон, како што наведува рускиот регулатор за комуникации, сопственикот на интернет-ресурс кој не брише нелегални информации на барање на Роскомнадзор се соочува со административна одговорност – парична казна до четири милиони рубли за правни лица
По барање на руското Јавно обвинителство, рускиот регулаторот за комуникации Роскомнадзор денеска објави барање со кое од Википедија бара да го отстрани „материјалот со неверодостојни информации од јавен интерес“ во врска со воената ситуација која владее во Украина.
Регулаторното тело ја обвини Википедија за објавување лажни информации за акциите на руската армија и за руската инвазија на Украина, која што Русија ја нарекува „специјална воена операција“.
„Неодамна, на Википедија масовно беа објавени материјали кои шират неверодостојни информации за темата на специјалната воена операција во Украина и акциите на вооружените сили на Руската Федерација. Википедија стана нова линија на постојани информативни напади врз Русите“,
стои во објавата на рускиот комуникациски регуларот Роскомнадзор.
Регулаторното тело во соопштението наведува оти содржината поврзана со војната во Украина, а објавена на Википедија, промовира исклучиво антируско толкување на настаните и ги дезинформира корисниците на интернет-ресурсот.
„Претходно, Роскомнадзор веќе испрати барање до администрацијата на Википедија да ги отстрани лажните информации за настаните во Украина, но администрацијата на интернет-ресурсот сè уште не го исполнила барањето“,
додаваат од рускиот комуникациски регулаторот Роскомнадзор.
Според рускиот закон, како што наведува рускиот регулатор за комуникации, сопственикот на интернет-ресурс кој не брише нелегални информации на барање на Роскомнадзор се соочува со административна одговорност – парична казна до четири милиони рубли за правни лица.