Од јачината на ударот возот излетал од шините, а полицијата комплетно го затворила патниот правец

Во судир меѓу камион и воз во јужна Унгарија загинале пет лица, а над 10 се повредени, соопшти тамошната полиција.
Унгарската полиција соопшти дека пет лица починале на самото место, а некои унгарски медиуми пишуваат и дека бројот на жртви се искачил на седум, додека во возот имало 22 патници и дека од осум повредени двајца се во критична состојба.




Унгарскиот портал „Индекс“ пишува дека несреќата се случила утрово пред 7 часот во областа Миндсент на железничкиот премин Дели и дека камионот поминал преку пругата, и покрај знакот за забрана, каде што се судрил со возот кој во тој момент поминувал.
Од јачината на ударот возот излетал од шините. Полицијата ја затворила областа по целата ширина на патот, а сообраќајот е пренасочен на околните улици, пишува унгарски „Индекс“.
Како што се вели, пак, во соопштението на полицијата, камионот влетал на пругата и возачот ги игнорирал црвените светла за да застане.