Во соопштението се наведува оти Стејт департментот го известил Конгресот за својата намера да ги продаде овие авиони и муниција на Бугарија, за износ од 1,673 милијарди долари, во време кога Украина е под едномесечна офанзива од руските сили
Американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на осум борбени авиони од типот Ф-16 на Бугарија, земја ченка на НАТО, во време кога Украина е под едномесечна офанзива од Русија, пренесува Ројтерс.
Во соопштението се наведува оти Стејт департментот го известил Конгресот за својата намера да ги продаде овие авиони и муниција на Бугарија, за износ од 1,673 милијарди долари.
Како што пренесе Ројтерс, американските власти рекле оти договорот за продажба не е директно поврзан со едномесечната руска инвазија на Украина, што, пак, претходно ја натера владата во Киев да побара од земјите што имаат авиони МиГ од руско производство – вклучително и Бугарија – да ги предадат за употреба во борбата против руските сили.
Како поранешен дел од советскиот блок, украинските пилоти веќе се обучени за авиони МиГ, па може да ги користат без никакво одлагање за обука.
Бугарија најави претходна набавка на Ф-16 пред две години.