Овие податоци на РИК покажуваат дека најмногу гласови освоила коалицијата околу Српската напредна странка – 42,97 отсто од гласовите или 1 576 082 гласа
Републичката изборна комисија (РИК) ги објави прелиминарните резултатите од парламентарните избори во Србија врз основа на 100 отсто од обработените гласачки ливчиња, а излзноста на изборите според ова е 58,65 отсто од запишаните избирачи, јави дописникот на МИА од Белград.
Според објавените резултати, актуелниот претседател Александар Вучиќ освоил најмногу, односно 58, 59 отсто од гласовите или 2 157 008 гласови, а ова е целосната прелиминарна листа која ја објави РИК, а пренесоа српските медиуми:
Александар Вучиќ, кандидат на коалицијата „Александар Вучиќ – Заедно можеме се” – 58,59 отсто – 2.157.008 гласови
Здравко Понош, кандидат на коалицијата „Обединети за победа на Србија” – 18,32 отсто – 674.567 гласови
Милош Јовановиќ, кандидат на коалицијата „Нада” – 5,97 отсто – 219 970 гласови
Бошко Обрадовиќ, кандидат на коалицијата „Патриотски блок” – 4,38 отсто – 161 212 гласови
Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски, кандидат на „Српската партија Заветници” – 4,25 отсто – 156 635 гласови
Билјана Стојковиќ, кандидат на коалицијата „Мораме” – 3,20 отсто – 117 784 гласови
Бранка Стаменковиќ, кандидат на коалицијата „Суверенисти” – 2,03 отсто – 740 866 гласови
Миша Вациќ, кандидат на групата граѓани „Српски патриот – Миша Вациќ” – 0,87 проценти – 32.074 гласови.
Овие податоци на РИК покажуваат дека најмногу гласови освоила коалицијата околу Српската напредна странка – 42,97 отсто од гласовите или 1 576 082 гласа, што би им донело 120 мандата според досегашните резултати, од 250 пратенички места во српскиот Парламент.