Согласно препораката на Владата за превенција од ширење на коронавирусот, Драмски театар Скопје го прекинува својот репертоар до 6 март.
Откажана е и претставата „Луди за љубов“, која требаше да се одигра утре, а билетите доделени како гратиси добитниците може да ги заменат за друга претстава на билетарницата на Драмскиот театар, стои во соопштението на театарот.
За превенција од ширење на коронавирусот Владата минатата недела издаде препорака за откажување на сите поголеми јавни собири и културно-уметнички манифестации до 6 март.
По овие препораки откажани беа и Струмичкиот карневал и карневалот „Прочка“ во Прилеп, а спортските настани во текот на викендов се одржуваа без присуство на публика.