Според законите во Бугарија, државјанин на Северна Македонија за да добие бугарски пасош, мора да докаже бугарски корени. Така, над 100 000 граѓани на Северна Македонија ги докажуваат своите бугарски корени во Бугарија, а во Северна Македонија се плашат да се наречат Бугари. Зошто во една нормална, европска земја, како што тврди Северна Македонија, човек би се плашел да каже што е тоа? Затоа што ова не е нормална, европска земја, напиша лидерот на „Има таков народ“ на Фејсбук
Ако Северна Македонија сака да биде дел од Европската Унија, нејзините граѓани мора слободно да се декларираат, напиша лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов на својот Фејсбук профил, како реакција на денеска објавените официјални резултати од пописот во земјава.
Повод за постот е бројката од 3.504 Бугари, колку што се изјасниле при пописот.
„При објавувањето на резултатите Бугарите воопшто не беа споменати, а директорот на ДЗС изјави дека тие ги претставуваат само етничките заедници кои се дел од македонскиот Устав. При пописот во Северна Македонија само 3 504 граѓани се изјасниле како Бугари, т.е. Бугари скоро и да нема. Сепак, повеќе од 100 000 бугарски пасоши се издадени на граѓани на Северна Македонија. Само во последните две години, кога светот беше затворен од пандемијата, бугарски пасоши добија 16 692 граѓани на Северна Македонија. А според законите во Бугарија, државјанин на Северна Македонија за да добие бугарски пасош, мора да докаже бугарски корени. Така, над 100 000 граѓани на Северна Македонија ги докажуваат своите бугарски корени во Бугарија, а во Северна Македонија се плашат да се наречат Бугари. Зошто во една нормална, европска земја, како што тврди Северна Македонија, човек би се плашел да каже што е тоа? Затоа што ова не е нормална, европска земја. Зборувам само по логика – ако Северна Македонија сака да биде нормална, европска земја, т.е. за да бидат дел од Европската Унија, нејзините граѓани мора да можат слободно да се самоопределуваат и нивните права не смеат да бидат прекршени. Така што мое мислење е дека додека тоа не се случи, Северна Македонија едноставно ќе биде дел од Западен Балкан“,
напиша Трифонов на Фејсбук.