Како што соопшти МНР, петтемина руски дипломати во земјава, кои се прогласени за непожелни, извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија во наредните пет дена
Пет дипломати од руската амбасада во земјава се посочени како непожелни односно се прогласени за персона нон грата.
Ова во рамките на Министерството за надворешни работи денеска му било соопштено на амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин, кому му била врачена дипломатска нота, со која петмина вработени во Амбасадата на Руската Федерација се посочени како непожелни во земјава.
„Согласно информациите добиени од надлежните органи, наведените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија во наредните пет дена“,
соопштува Министерството за надворешни работи во земјава.
Дипломатите ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија во наредните пет дена.
Според дипломатската листа на Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија, досега во земјава беа пријавени вкупно 19 руски дипломати, вклучувајќи го и амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин и двајца воени претставници.
