Од почетокот на руската инвазија, околу 700 патници од Русија дневно патуваа со воз за Финска, а услугата остана отворена на барање на финските власти, за да им дозволат на Финците во Русија да ја напуштат земјата доколку сакаат. Меѓутоа, финската влада во четвртокот го информира железничкиот оператор оти „активноста на оваа услуга веќе не е соодветна“, па сите возови од денеска се откажани
Синоќа, експресниот воз „Алегро“ од Санкт Петербург пристигна во главниот град на Финска, Хелсинки, за последен пат откако финскиот железнички оператор донесе одлука од денеска да го запре железничкиот сообраќај од Санкт Петербург до Хелсинки.
Со ова се затвора последната железничка врска меѓу Русија и Европската Унија.
И покрај недостиг на официјална статистика, по инвазијата на 24 февруари, илјадници Руси успеаја да ја напуштат земјата, а бидејќи со затворањето на воздушниот простор беа забранети директните летови кон Европа, оние што сакаа да ја напуштат Русија се насочија кон летови преку Турција и Белград или кон патниот и железничкиот сообраќај.
Од почетокот на руската инвазија во Украина околу 700 патници дневно патуваа со возовите за Финска, а услугата остана отворена на барање на финските власти, за да им дозволат на Финците во Русија да ја напуштат земјата доколку сакаат.
Меѓутоа, финската влада во четвртокот го информираше железничкиот оператор оти „активноста на оваа услуга веќе не е соодветна“, па сите возови од денеска се откажани.