Сите тројца починати пациенти биле со коморбидитети. Во изминатото деноноќие регистрирани се и 119 оздравени. По денешниот извештај, бројот на активни случаи изнесува 2 041 случај, а повеќе од половина од нив се во Скопје

Во последните 24 часа, направени се 2 245 тестови, а регистрирани се 188 нови случаи на ковид-19, информираше Министерството за здравство.
Ова значи дека бројот на позитивни случаи од вкупниот број на тестирани бил 8,4 отсто.
Од вкупниот број на позитивни (188), регистрирани се 25 реинфекции.
Новите случаи се во: Скопје – 123, Битола – 18, Кавадарци – 10, Прилеп – 6, Куманово – 5, Штип и Делчево – по 4, Гостивар, Охрид, Кочани и Гевгелија – по 2, Тетово, Велес, Струмица, Кичево, Струга, Неготино, Ресен, Дебар, Богданци и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани сe 119 оздравени пациенти од: Скопје – 86, Битола – 7, Куманово и Охрид – по 6, Кавдарци -4, Гевгелија – 3, Кичево – 2, Гостивар, Кочани, Струга , Свети Николе и Виница – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, пријавени се 3 починати лица од: Скопје (79г), Куманово (84г) и Прилеп (88г) , сите лица се починати во болнички услови. Сите биле со коморбидитети.
Активни се 2 041 случај
Досега во земјата се направени вкупно 1 953 866 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305 066, бројот на оздравени пациенти е 293 819, на починати е 9 206, а бројот на активни случаи изнесува 2 041.
Ситуацијата по градови е следна:
- Скопје 142 985, Активни 1 152
- Куманово 16 525, Активни 64
- Битола 14 712, Активни 167
- Прилеп 13 940, Активни 94
- Тетово 13 408, Активни 42
- Кавадарци 10 445, Активни 98
- Велес 9 659, Активни 38
- Гостивар 9 523, Активни 16
- Охрид 8 693, Активни 67
- Струмица 7 990, Активни 28
- Штип 7 962, Активни 19
- Кичево 5 547, Активни 46
- Кочани 5 043, Активни 32
- Струга 4 686, Активни 9
- Гевгелија 4 358, Активни 27
- Неготино 3 653, Активни 16
- Ресен 2 669, Активни 16