Официјалната причина за несреќата сè уште не е позната. Истрагата ја предводи Кина, но и САД се повикани да земат учество со оглед дека авионот „боинг 737“ е произведен во Америка

Спасувачките екипи во Кина ја пронајдоа и втората црна кутија на авионот кој се урна во понеделникот (21 март) при што загинаа сите 132 патници и членови на екипажот.
Станува збор за црна купија која ги снимала податоците за летот, пренесоа кинеските државни медиуми.
Авионот од тимот „боинг 737“ кој беше на компанијата „Чајна истерн ерлајнс“ имаше два снимачи на податоци.
Едниот ги следел податоците за летот и се наоѓал во задниот, патнички дел на авионот, а другиот снимал аудиозаписи и бил сместен во пилотската кабина. Првата црна кутија која со аудиозаписите беше пронајдена во средата (23 март).
Авионот се урна во планинска област во јужна Кина откако неочекувано изгуби контрола. Според анализа која ја објави Блумберг, авионот пред да удри во земјата летал речиси со брзина на звукот, во последните моменти се движел со брзина поголема од 966 километри на час.
Меѓутоа, официјалната причина за несреќата сè уште не е позната. Истрагата ја предводи Кина, но и САД се повикани да земат учество со оглед дека авионот „боинг 737“ е произведен во Америка.
Ова беше најстрашната авионска несреќа што се случила во кина од 1994 година кога се сруши авион на кинеската компанија „Норвест ерлајнс“. Во таа несреќа загинаа сите 160 патници и членови на екипажот.