Сомнителна направа била откриена во киднапирано комбе на паркинг во близина на местото на настанот
Ирскиот министер за надворешни работи Сајмон Ковени беше симнат од сцена за време на говор во Белфаст откако организаторот на настанот соопшти дека сомнителна направа била откриена во „киднапирано“ комбе на паркинг во близина на местото на настанот.
На возачот на комбето, под закана со пиштол, му било наредено да вози до салата во Северен Белфаст, изјави еден од организаторите на настанот. Ковени заминал од салата со владин автомобил откако ја напуштил сцената.

Возачот бил во солзи откако ги предупреди безбедносните службеници за инцидентот и им се извини на учесниците што морал да вози до салата, јави „Ајриш индепендент“.
„Има безбедносна тревога и полицијата моментално ја проценува ситуацијата. Сите мораа да бидат евакуирани од центарот“,
рече Тим Атвуд, секретар на фондацијата „Хјум“.
Обединетото Кралство во вторникот го намали нивото на закана од тероризам од Северна Ирска по повеќе од една деценија, додека полицијата соопшти дека активностите на ирските националистички милитанти се помалку веројатни.
Од полицијата соопштија дека моментално се во состојба на готовност и дека на учесниците во сообраќајот им се препорачува да ја избегнуваат областа.