Во соопштението се додава и дека руските сили во јужниот дел на Украина сè уште се обидуваат да го заобиколат Миколајив, со цел да тргнат кон Одеса, а нивниот напредок го забавуваат логистички проблеми, како и украинскиот отпор
Украинските сили ги вратија градовите и одбранбените позиции на 35 километри од Киев, објави британското Министерство за одбрана.
„Украинските контранапади и неможноста на руските сили да ги задржат развлечените линии за снабдување ѝ овозможија на Украина повторно да ги заземе градовите и одбранбените позиции до 35 километри источно од Киев. Украинските сили веројатно ќе продолжат со обиди за потиснување на руските сили северозападно од Киев, кон аеродромот Хостомел“,
се наведува во соопштението.
Во соопштението се додава и дека руските сили во јужниот дел на Украина сè уште се обидуваат да го заобиколат Миколајив, со цел да тргнат кон Одеса, а нивниот напредок го забавуваат логистички проблеми, како и украинскиот отпор.