Порталот МКД.мк денеска објави дека актуелниот генерален конзул во Минхен, Реџеп Демири и Андреј Жерновски се можни идни амбасадори во Швајцарија и Србија
Нема информација за пополнување нови амбасадорски места. Вака портпаролот на Владата Душко Арсовски одговори на новинарско прашање, дали се точни пишувањата во медиумите денеска дека Реџеп Демири и Андреј Жерновски се новите амбасадори за Швајцарија и Србија.
Арсовски не даде други детали туку само кажа дека ваква информација нема и дека кога би се добиле агремани од земјите домаќин, јавноста веднаш ќе биде информирана.
Порталот МКД.мк денеска објави дека актуелниот генерален конзул во Минхен, Реџеп Демири и Андреј Жерновски се можни идни амбасадори во Швајцарија и Србија.
На почетокот на овој месец МНР соопшти дека Агнеса Руси-Поповска за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Република Бугарија, Агрон Буџаку за вонреден и ополномоштен амбасадор во Канада и Љубомир Данаилов Фрчкоски за вонреден и ополномоштен амбасадор во Организацијата на обединетите нации, се предлозите што се утврдени за назначување амбасадори на места каде што нашата земја немаше дипломатски претставници.
Министерот Бујар Османи тогаш изјави дека процесот на пополнување на испразнетите амбасадорски места ќе продолжи да биде еден од врвните приоритети на Министерството за надворешни работи.