Минатата недела Полска објави дека официјално ќе го проследи барањето за мировна мисија во Украина на следниот самит на НАТО
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска предупреди дека испраќањето мировници во Украина може да доведе до директна конфронтација меѓу Русија и НАТО.
Минатата недела Полска објави дека официјално ќе го проследи барањето за мировна мисија во Украина на следниот самит на НАТО.
„Се надевам дека разбираат за што зборуваат. Тоа би бил директен конфликт меѓу Русија и НАТО, кој не само што сите сакаат да го избегнат, туку тие исто така велат дека во принцип тоа не треба да се случи“,
им рече Лавров на вработените и студентите во Московскиот Државен институт за меѓународни односи.
Направление миротворцев НАТО на Украину привело бы к прямому столкновению вооруженных сил РФ и альянса — Лавров
— Газета.Ru (@GazetaRu) March 23, 2022
Москва го обвини Киев за застој на мировните преговори со тоа што предлозите се неприфатливи за Русија. Украина, пак, изјави дека е подготвена да преговара, но дека нема да се предаде ниту да прифати руски ултиматуми.
Лавров рече дека украинските власти се откажале од сопствените предлози во преговорите, што го отежнува постигнувањето решение.
„Разговорите започнаа, тие се тешки поради украинската страна… тие постојано се предомислуваат и се откажуваат од своите предлози“,
рече Лавров.