Целиот текст на предлог-законот сè уште не е достапен на веб-страницата на Конгресот, но се тврди дека целта е да се обезбедат попусти за гориво на поединечни даночни обврзници
Законот предвидува по 100 долари месечно помош за сите граѓани кога просечната цена на бензинот е над 4 долари за галон. Преведено во наши бројки, тоа е околу 55 денари за еден литар гориво.
Целиот текст на предлог-законот сè уште не е достапен на веб-страницата на Конгресот, но се тврди дека целта е да се обезбедат попусти за гориво на поединечни даночни обврзници.
Според предлогот на претставникот од Калифорнија, поединечните даночни обврзници кои заработуваат помалку од 75 000 долари годишно ќе добиваат 100 долари месечно. Оние со годишна плата меѓу 75 000 и 85 000 американски долари, исто така, би добиле помош, но во помал износ.
Кога се работи за семејство, ако членовите заработуваат помалку од 150 000 долари годишно, тие ќе добиваат и 100 долари месечно, додека оние што заработуваат помеѓу 150 000 и 160 000 долари ќе добијат нешто помал износ.
Дополнително, луѓето што се квалификуваат за оваа програма ќе добијат уште 100 долари.
Сегашната просечна цена на галон бензин во САД е 4,24 долари, што е нешто повеќе од 55 денари за литар. Тоа е нешто помалку од минатата недела, кога цената беше 4,31 долари, но и значително повеќе од 3,53 долари за галон бензин пред еден месец.
Цените на горивата на многу места во САД се многу повисоки. На пример, во Калифорнија цените на горивата достигнаа 6 долари за галон (79 денари за литар).
Овој предлог-закон штотуку влезе во законодавната процедура и прво треба да биде одобрен од комисијата, а потоа да се гласа во Претставничкиот дом.
Потоа, сличен процес го чека и во Сенатот, за на крај да дојде на потпис кај претседателот Бајден.
