Тој во ова интервју, зборувајќи и за состојбата во Мариупол, рекол дека главната цел на руската војска таму е да „го исчисти градот од националистичките единици“
Концептот на национална безбедност на Русија предвидува употреба на нуклеарно оружје само во случај на закана по нејзиното постоење, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе Тасс.
„Специјалната воена операција во Украина се одвива јасно во рамките на однапред одредени планови и задачи“,
изјави Песков.
Според неговите зборови, никој не мислел дека „специјалната воена операција“ во Украина ќе трае само неколку дена, односно дека целата кампања уште се планира.
На прашањето за нуклеарното оружје, кое постојано се поставува од почетокот на руската инвазија, Песков рекол дека Русија ќе го користи „само ако се загрози нејзиното постоење“.
Песков разговарал и со новинарката на Си-ен-ен, Кристијан Аманпур, каде одбил да отфрли користење на нуклеарно оружје.
Тој во ова интервју, зборувајќи за состојбата во Мариупол, рекол дека главната цел на руската војска таму е да „го исчисти градот од националистичките единици“.
„Постојат Украинци кои соработуваат, кои работат со нашата војска, постојат Украинци кои сакаат да избегнат жртви и кои се во контакт со нас“,
рекол тој.
Песков истакнал и дека на руската војска и е забрането да убива цивили.
„Ако не пукате во нашата војска, ако не се обидувате да ги убиете, никој нема да ве повреди“,
додал Песков.