Во соопштението објавено на Фејсбук, Генералштабот на оружените сили на Украина известува дека производителот „Уралвагонзавод“ морал да го запре производството во објектот поради недостиг на компоненти произведени од странство
Украинската војска соопшти дека компанијата која произведува и поправа руски тенкови ја прекинала работата во својата фабрика во централниот руски регион Чељабинск поради недостиг на делови од увоз.
Во соопштението објавено на Фејсбук, Генералштабот на оружените сили на Украина известува дека производителот „Уралвагонзавод“ морал да го запре производството во објектот поради недостиг на компоненти произведени од странство.
Украинската воена информациска и консултантска компанија „Дифенс експрес“ објави дека „Уралвагонзавод“ е единствената фабрика што врши склопување тенкови.
Понатаму известува дека производителот рутински користи западни делови.
Во руските медиуми нема извештаи за објектот „Уралвагонзавод“, а информацијата не може да се потврди од независни извори, објави Би-би-си.
