Русија негира дека цел биле цивили
Властите во Одеса ги обвинија руските сили дека рано утрото извршиле напад врз станбени згради во предградијата на украинскиот град, што е прв таков напад врз пристанишниот град на Црното Море.

Градскиот совет соопшти дека нема жртви иако нападот предизвикал пожар.
„Тоа се станбени згради во кои живеат мирни луѓе“,
рече градоначалникот Генадиј Труханов.
Русија негира дека цел биле цивили.
