Полицајци од Стар Дојран ги пронашле мигрантите од Пакистан, Индија и од Сиера Леоне
Полициски службеници од Стар Дојран откриле денеска вкупно 45 мигранти во областа на село Дурутли, на планината Беласица.
Како што соопштија од МВР, на 19 март, околу 11:15 часо, полициски службеници од Полициска станица „Стар Дојран“, при Регионален центар за гранични работи „Југ“, на подрачје на планината Беласица – во реон на село Дурутли, пронајдени се 45 лица мигранти (од кои 28 од Пакистан, 11 од Индија и шест од Сиера Леоне).
Лицата се пренесени во транзитен центар „Винојуг“, информираат од МВР.