Љ.М. пријавил дека бил нападнат од друг колега во гаражата на претпријатието во Ѓорче Петров, а трет колега успеал да го спречи напаѓачот
Инцидент во гаража на ЈСП „Скопје“ во Ѓорче Петров е регистриран во денешниот билтен на МВР.
Како што се соопштува, на 18 март во 21:45 часот, Љ.М.(59) од Скопје, пријавил дека околу 12:30 часот бил нападнат во гаража на ЈСП-Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров.
Нападот се случил додека Љ.М. извршувал работни активности во гаражата на ЈСП, каде што бил вработен како бравар. Тој бил нападнат со тврди предмети од Д.А. (исто така вработен во ЈСП).
Според пријавеното, напаѓачот бил спречен од страна на Р.Г. (вработен во ЈСП ), кој во моментот бил присутен во работната просторија, заедно со друг вработен.
Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.