Едно лице загина, а четири се повредени откако делови од руска ракета утрово паднале врз станбена зграда во северниот дел на Киев, соопшти Службата за вонредни ситуации која на социјалните мрежи објави фотографии и видео од местото
Едно лице загина, а четири се повредени откако делови од руска ракета утрово паднале врз станбена зграда во северниот дел на Киев, соопшти Службата за вонредни ситуации која на социјалните мрежи објави фотографии и видео од местото.
Се работи за областа Подил, која се наоѓа во близина на Киев, и за која градскиот совет тврди дека била цел на руски напад.
Службите во соопштението наведуваат и дека 12 лица се спасени, а 98 се евакуирани од петкатницата.




Службата ојави и дека во Харков утрово после 8 часот по локално време погодени се две соседни станбени згради, при што едно лице загина, 11 се повредени, а едоо е исчезнато.



Украина 24, повикувајќи се на градоначалникот на Николаев, јавува дека утрово бил погоден магацинот за оружје таму.
Според руското Министерство за одбрана, борбите меѓу завојуваните страни во центарот на градот Мариупол продолжиле, пренесува АФП.
Утрово Институтот за проучување на војната, американски тинк-тенк, објави дека Мариупол најверојатно ќе падне во наредните недели поради постојаните руски напади.
Русија воспостави зона на забранети летови над украинскиот регион Донбас, изјави официјален претставник на Доњецката Народна Република, пренесува Интерфакс.
Ова го потврдил и претставникот на Народната милиција на „Доњецката Народна Република“, Едуард Башурин, во интервју за телевизијата „Русија 24“ .
Тој го коментираше и повикот на шефот на ДНР, Денис Пашулин за зајакнување на системот за противвоздушна одбрана на Донбас, објаснувајќи дека тоа не е неопходно, туку би било доволно Русија самостојно да го контролира небото над Донбас
Во меѓувреме, рускиот државен медиум ТАСС јавува дека зоната за забранети летови на југот на земјата е продолжена до 26 март, повикувајќи се на извор во Министерството за транспорт.
Најмалку три експлозии се слушнале во западниот украински град Лавов, околу 6.30 часот по локално време.
Украинската телевизија 24 објави кратко видео на Телеграм, каде може да се види како чад се крева над хоризонтот.