Повеќето бегалци се во големите градови, како Варшава, Краков и Вроцлав, кои се соочуваат со тешкотии да се справат со напливот
Речиси 1,9 милион луѓе пребегале од Украина во Полска од почетокот на војната, соопшти полската гранична служба, а повеќе од половина милион можеби веќе ја напуштиле земјата, вели професорот за миграција на Универзитетот во Варшава, Мациеј Душчик.
А 94 отсто од оние што ја минуваат границата се украински државјани.
Само во вторникот границата ја минале 66 600 луѓе, објавија од агенцијата на Твитер, што е за 7 отсто помалку од понеделникот.
До 7 часот по средноевропско време денеска поминале 13 600 луѓе, што е помалку од 17 500 во истиот период вчера.
Повеќето бегалци се во големите градови, како Варшава, Краков и Вроцлав, кои се соочуваат со тешкотии да се справат со напливот.